Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата кај хотелот „Холидеј ин“.
Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.
Шилегов уште кон крајот на јуни најави дека е раскинат договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци.
Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали.
Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.