Шилегов направи 50 години и прослави со двојазични торти со “Северна” (ФОТО)

Градоначалникот Петре Шилегов денеска наполни 50 години. Тој својот роденден го прослави со двојазични торти со Северна. На својот Фејсбук профил Шилегов објави фотографии од тортите кои ги донирал на повеќе локации во Скопје.

“Ви благодарам на сите за роденденските честитки. Моите желби се исти како и вашите, да бидеме среќни, да се радуваме на животот и заедно да ги славиме убавите моменти.

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневенот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.

Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
– Здружението “Трисомија 21″ за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896
Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!
Благодарам на сите !!!”, напиша Шилегов на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.