Шилегов „Камај Камај“ избркан од Брвеница: Се криел во продавница на сопартиец (ФОТО)

Петре Шилегов, по мај мината  година кај народот познат и како Камај Камај, денеска беше во посета на Брвеница. За потсетување, за време на немилите настани од 9 мај во Диво Насеље, Шилегов се шегуваше на својот Фејсбук профил, пост кој налути многумина и не остана незаборавен.

 

image-0-02-05-d976be92169db116788211c7fc540376b2b2d3dc1767ce4b607bdb19bd5e37de-v

Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:

shilegov-kamaj-640x236

„Како мал не му давале да си игра ‪#‎камај, па сега мора тоа да го изживее.

Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.

Тогаш на фатениот му се се викаше ‪#‎жив…”

Шилегов тогаш  се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.

Ова негово шегување, денеска не остана неказнето од граѓаните на Брвеница.

Имено, Шилегов бил избркан од страна на жителите и локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.

За потсетување, во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а  четворица од осуммината загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица.

Извор: КУРИР




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.