Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.
Натпреварот се одржа по 18-ти пат, a на истиот учество зеде и Влатко Митрески од Прилеп.
24-годишниот шеф, кој веќе една година работи во ресторанот “Деспина”, освои три медали, две сребра и една бронза.
За Влатко ова не се први успеси. Во изминатите 7 години колку што се занимава со готвење, овој млад прилепчанец има учествувано на голем број натпревари, како во Македонија, така и во странство, и речиси секогаш се враќа со некоја награда.
Честитки за постигнатиот успех во Хрватска и му посакуваме уште поголеми достигнувања во иднина! А вие посетете го ресторанот “Деспина” и вкусете некој од специјалитетите на шеф Влатко.