Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен изјави дека настаните во последните 24-48 часа, вклучително и испраќањето руски вoeни сили на границата со Украина, покажуваат дека Русија користи тактика за да порвоцира конфлик со Украина.
– Се што гледаме е дел од сценариото што го спроведува Русија, кое вклучува создавање лажни провокации за да се создаде причина да се одговори на тие провокации. „Конечно, сето тоа води кон нова агресија против Украина“, рече Блинкен на безбедносната конференција одржана денеска во Минхен.
– Без разлика на се што се зборуваше во Русија во последните денови за повлекување на силите, тоа не се случи. Напротив, гледаме дополнителни сили кои се движат кон границата, во која се вклучени ударни сили кои несомнено би биле вклучени во офанзивата. Мора да бидеме крајно внимателни, рече Блинкен, додавајќи дека е „длабоко загрижен поради фактот што Русија не ја користи дипломатијата како начин за решавање на кризата“.