Шест природни антибиотици

luk-lek-pushachi-640x396

Сите знаеме дека антибиотиците со напредокот на медицината достигнаа да станат хемиски спој на неколку природни супстанци. Но, зошто на пример, кога среде ноќ ќе ве пробуди силна болка не посегнувате за природен антибиотик, кој сигурно го имате во вашата кујна?

Жалфија

Зошто да умре човек кој во својата градина одгледува жалфија?, се запрашал Хипократ имајќи ја на ум билката, која веќе со години се користи како антибиотик. Жалфијата е особено добра за грлото, респираторните инфекции, како и инфекциите во устата. Исто така е корисна за инфекции кај желудникот и проблеми со цревата. Жалфијата помага и во намалувањето на температурата, грозницата и болките во телото кои се јавуваат на почетокот на настинка или грип.

Арапите верувале дека жалфијата е клучот за долг живот. Научно е докажано дека таа има умерено, но опсежно антибактериско и антивирусно својство, а денес редовно се користи и за време на производството на некои од модерните лекови.

Мед

Во својата сирова форма, медот се користел како антибактериско средство, долго време пред да бидат развиени синтетичките антибиотици. Денес е научно докажано дека овој сладок лек има антибактериско својство, дека може делотворно да излекува осип на кожа, изгореници и гребнатини, да ги исчисти забите и устата од бактерии, а ги лекува и чиревите и пликовите.

Потемниот мед има подобра антибактериска моќ – но мора да биде во својата сирова форма, поточно не смее да биде пастеризиран.

Цимет

Во една студија е откриено дека циметот може да убие голем број бактерии кои се наоѓаат во болницата, додека во друга студија е откриено дека циметот може да ги убие и бактериите кои се отпорни на стандардни антибиотици. Во трета студија, пак, е откриено дека циметот е смртен непријател на бактеријата Ешерихија коли.

Лук

Во време на фараоните, лукот им се давал на работниците и робовите кои ги граделе големите пирамиди, за да се зголеми нивната издржливот, сила и што е најважно – да бидат заштитени од болести. Лукот докажано лекува и помага при лекувањето на голем број болести. За лековитите својства на лукот е одговорна состојката Алцин, која уништува голем број бактерии.

Каранфилче

Дури и денес, стоматолозите го користат маслото од каранфилче како орален антисептик и за дезинфекција на коренските канали. За делотворноста на каранфилчето е „виновен“ еугенолот, кој го има во големи количини во оваа намирница.

Оригано

Постојат повеќе од 40 видови оригано. Старите Грци маслото од оригано го применувале за лекување на рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, додека пак во Средниот век ова масло станало многу популарно во Европа, а најмногу се користело за лекување инфекции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.