Шенол Мемиш четврт мандат претседател на Македонско – турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк”- Битола

На четвртото редовно Изборно Собрание на Македонско-турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк”-Битола, кое се одржа попладнево во градот на конзулите, избрано е ново раководство кое ќе го води здружението наредните четири години.

Досегашниот претседател на здружението, Шенол Мемиш, останува на чело на организацијата, а за негови заменици се избрани Вики Китановска, Оливер Василевски и Булент Аксој. Избрани се и нови членови на Управниот и Надзорниот одбор, активни членови од македонска и турска националност.

”Програмата за работа ќе ја пишуваме заедно, со новите членови на органите на управување. Здружението ќе работи на промовирање на македонско-турското пријателство и соработка на сите полиња. Ќе ги поддржиме сите иницијативи, се со цел продлабочување на соработката на Р.Македонија и Р.Турција, на еконосмки, културен и образовен план.

Наша главна цел во наредниот период ќе биде промовирање на еконсмките можности на Р.Македонија пред бизнисмените од Р.Турција, можностите за поголема соработка во областа на туризмот, здравството, културата. Тимот со кој ќе соработувам е составен од лица од различни возрасти и квалификации”, вели старо-новиот претседател.

Македонско-турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк”-Битола е формирано во 2007 година во Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.