По неодамнешниот тренинг на младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У21) на стадионот на ФК Големо Коњари, истиот терен и клупските простории ќе ги користи и репрезентацијата на Шведска У21. Стадионот, кој е во одлична состојба, според најавата од управата на клубот, во вторник од 11 часот ќе биде ставен на располагање за тренинг на младата репрезентација на Шведска, која се подготвува за натпреварот против Македонија.
-Почитувани љубители на фудбалот, со голема чест и голема радост за нашиот клуб и нашето село, ве известуваме дека на 11.11.2025 (вторник) на нашиот стадион во Големо Коњари, тренинг ќе одржи репрезентацијата на Шведска У21. Тренингот започнува во 11:00 часот – стои во соопштението од ФК Големо Коњари.
























