Oткако го доби највисокото признание на Романската Православна црква, шампионката на Вимблдон 2019, Симона Халеп, ја истакна својата посветеност кон Мајката Божја во интервју за “Basilica.ro”.
Тенисерката истакна дека нејзината љубов кон Бога и Богородица била инспирирана од нејзиното семејство.
“Никогаш не сум се воздржала да ја искажам својата вера во јавноста”, вели победничката на Вимблдон, која секогаш му се заблагодарува на Бога за своите достигнувања и го редовно прави крст на тенискиот терен.
Симона вели дека нејзина заштитничка е Мајката Божја која секогаш ја носи во себе.
Таа титулата на Вимблдон ја посвети на нејзината мајка и вели дека за да се успее во големите нешта во животот, потребна е целосна поддршка од родителите.
“Без таква поддршка, мислам дека немате доволно внатрешна сила”, додава Симона.
Simona Halep also received from Patriarch Daniel a Centenary Edition of the Bible. pic.twitter.com/7xDPD58HXn
— Basilica.ro (EN) (@BasilicaNews) July 18, 2019
Црквата ги ценешe достигнувањата на Симона Халеп во професионалниот тенис и ја препозна нејзината заслуга за јавно истакнување на верата, при што Патријархот Даниел и додели признание “Патријаршиски крст”.