Чecтojнова: Нeгoтино пpeд бyнт, дeпониja во Тиквешиjaта не смee да има

(Фејсбук статус на пратеничката Павлинче Честојнова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ)

“Во срцето на Тиквешијата нема место за депонија!

Оваа депонија е планирана да се гради на 9км од Неготино, на 5км од Пепелиште, на 6км од Криволак, на 200 м од заштитено еколошко подрачје,на 4км од подземни пумпи за вода од кои вода за пиење зема с.Пепелиште, дел од касарната Криволак и воените објекти во Пепелиште.

Оваа депонија планирано е да акомулира околу 1500м3 дневно отпад! А за тоа каков СЕ отпад планираат да се депонира овде “објаснето” е во студијата изготвена од самата фирма на десетина страни, накратко СЕ освен нуклеарен отпад, но имајќи во предвид која е фирмата што ќе гради и тоа не би било чудно!

Наводно, странската фирма која ќе ја гради депонијата е со “богато” досие, протерани од повеќе земји на Балканот заради недозволена трговија со сомнителен и високо токсичен отпад, поврзани со аферата во Дризла кога исчезнаа 3000 контејнери високо токсичен отров, поврзани со афери во Бугарија и Албанија.

Дали треба да очекуваме дека истите тие ќе ни гарантираат дека отпадот кој што ќе го прибираат ќе биде само од Македонија, а не и од цела Европа???

Напротив треба на сите да ни биде јасно дека во Неготино ќе се собира цел токсичен отпад од Европа!

Треба на сите да ни биде јасно и дека подземните води ќе се загадат, дека нашите земјоделски производи кои се извезуваат насекаде низ светот нема да го носат приматот дека се од “чисто еколошко подрачје”, нема веќе да бидиме препознатливи како регион кој извезува високо квалитетно вино, оваа депонија ќе го уништи земјоделието!

И уште појасно да ни биде, оваа темпирана бомба ќе остави тешки последици по сите нас што живееме овде, но најстрашно е што последиците ќе се чувствуваат уште стотици години по затворањето на оваа депонија!
Ќе дозволиме ли нашите идни генерации да ги трпат сите тие последици заради нечии бизнис интереси?

Ова е рамно на геноцид на жителите на Општина Неготино!!!

Првиот човек во градот се крие позади Советот на Општината и Советниците од Сдс, затоа ќе ги повикам и нив:
Почитувани Советници од Сдс, не дозволувајте да бидете изманипулирани и изиграни, Вие сте тие кои можат ова ВЕДНАШ да го спречат! Избрани сте од народот, затоа послушајте го гласот на народот, бидете сигурни дека тоа е единствениот начин да донесете правилна одлука!!!”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.