Езерото “Сино око” во Албанија е природен феномен, бидејќи нема дно! Синото око всушност е дупка во која се спојуваат подземни води, кои преку неа извираат на површината. Самата дупка, која не е целосно истражена според некои тврдења е околу 45 метри длабока.
Овој природен феномен се наоѓа во близина на патот кој води до градот Саранда.
Иако пливањето и капењето во Синото око е дозволено, поради температурата на водата која изнесува 10 степени целзиусови, малкумина се осудуваат тоа да го сторат.
Туристите овде доаѓаат да уживаат во прекрасната природа и да фрлат камче во центарот на дупката, што по неколку секунди го здогледуваат на површината.
Погледнете го видеото:
А.Г.