Животна приказна на човек запишана во манастирските книги:
“Сакам да се знае и да се запише во манастирските книги. Благодарение на Свети Василиј Острошки, мојата сопруга Даниела Гутиќ и јас Милош Гутиќ добивме син на 13.05.2010 година.
Сопругата имаше два спонтани абортуси во рок од 5 години. Бевме кај многу лекари и сите ни рекоа дека нема никакви проблеми кај неа, но ни кај мене. Но, немаат објаснување за она што се случи. Многу размислувавме за тоа што се случи, особено поради тоа што и двајцата сме спортисти.
Таа професионално се занимаваше со кајакарство, а јас со фудбал. Никакви пороци, ниту алкохол, ниту цигари. Искрено, што се однесува до мојата вера во Бога, верувам, но не одам во цркви или манастири да се молам или на литургии, ниту пак постам во среда и петок.
Такво размислување имаше и сопругата. Се до еден августоски ден во 2009 година, кога сопругата ми рече дека сака да оди на Острог, да се помоли на Свети Василиј за помош. Во тој момент, јас и реков да оди, но и кажав дека не можам да одам со неа поради работата. Таа не сакаше да се откаже од тоа, па веќе ја замоли нејзината мајка да оди со неа. Најде агенција која носи туристи до Острог и замина.
Го замолила светецот да ни подари дете. Дојде дома среќна и импресионирана од она што го видела. Ми рече дека морам да појдам и јас.
По кратко време сопругата забремени. Беше исплашена. Но се беше во ред. Лекарката која ја водеше бременоста рече дека терминот ќе биде во мај 2010 година. Кога го дознавме полот на детето, моја желба беше да се вика Василиј. Се договоривме, ако се породи на 12-ти мај да се вика Василија, а ако се породи на друг датум да се вика Лазар.
Даниела беше во болницата на 12-ти мај, но се породи утрото во 7 часот на 13-ти.
И така на свет ни дојде Лазар- подарок од Свети Василиј. Од тој момент, јас секоја ноќ се молам на Бога и на Свети Василиј. Лазар ни донесе радост и верба во Бога, бидејќи ова чуди кое ми се случи мене и на моето семејство говори дека се’ се случува со божја волјa”.