Голем пожар ги пеплоса конаците на манастирот Свети Илија во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми во пожарот останале недопрени иконите од Исус Христос, Свети Јован Крстител и Свети апостол Павле.
Луѓето сметаат дека тоа е чудо, бидејќи иконите се единствените предмети кои го “преживеале” пожарот.
Огнената стихија го уништила кровот на манастирскиот конак, а со брза реакција пожарникарите пожарот е локализиран на првиот спрат. Причината сеуште не е позната, а првите проценки говорат дека материјалната штета е огромна.