Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, на претседателот на Јужна Кореја му подари два тони ретки печурки од видот мацутаки, соопшти претставник од администрацијата на јужнокорејскиот лидер.
“Додека претседателот и неговата сопруга престојуваа во Северна Кореја, ни пристигна подарок од Ким Јонг Ун. Два тони печурки мацутаки стигнаа утрово со авион во Сеул”, изјави претставник на агенцијата Јонхап.