Чуда се случуваат: Господ и’ го донесе БОЖЈИОТ ДАР – БОЖИДАР на 49-годишна родилка во “Плодност” (Фото)

Oд болницата “Плодност” информираат за уште една успешна приказна

-По пат на ин витро оплодување, во нашата болница беше зачнат Божидар. Пациентката има 49 години и долго време се бореше со неплодност. Направила претходно неколку ин витро оплодувања, но неуспешни, на друго место. Во Болница Плодност – Hospital Plodnost ова беше прво и успешно ин витро оплодување.

Оваа наша успешна приказна е уште една бременост и породување на прворотка која има 49 години.

Породувањето беше направено со царски рез, а пациентката одлично ја поднесе бременоста со оглед на возраста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.