Чудата кои ги прави лукот во организмот: Десет позитивни влијанија врз здравјето на “кралот на зачините”

Пред 5.000 години го одгледувале Асирците, Еѓипјаните, старите Грци и Евреите, а подоцна неговото одгледување го превзеле Римјаните.

Отсекогаш се користел во гастрономски, но и медицински цели.

Големиот математичар Питагора лукот го нарекол „крал на зачините“, не само поради вкусот туку и поради влијанието на здравјето. Во народната и традиционалната медицина отсекогаш заземал важно место.

Лукот се смета и за природен антибиотик како и чувар на имунитетот, а во прилог на неговата сила говори и тоа дека може да убие разни видови бактерии.

Конзумирањето лук на празен желудник помогнува во превенцијата и во лекувањето на голем број болести, а земањето на вистински начин го прави природен антибиотик.

Поради тоа, нека не ве загрижува ако некому му „мирисате“, само вие бидете полни со здравје.

Во продолжување ви донесуваме десет најважни влијанија на лукот на здравјето:

Спречува стареење и затворање на артериите, значително го намалува холестеролот во крвта, го јакне имунитетот, убива голем број бактерии, многу е корисен во борбата против срцевите болести, го намалува крвниот притисок и има противвоспалителни својства, природен антибиотик е и е многу корисен за лекување вообичаени настинки, добар е за пореметување на нервниот систем, помогнува во сузбивањето на штетните клетки, делува како антикоагуланс, со што го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.