Веќе долг временски период не свети крстот сместен на врвот од локалитетот Маркови Кули над Прилеп.
Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел на Прилеп, не свети во вечерните часови.
Не е познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето, или се работи за дефект.
Она што е жално е што никој надлежен со денови не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст со кој Прилеп и прилепчани се гордеат.
На социјалните мрежи граѓаните реагираат и бараат итно санирање на крстот, а со своја реакција се јави и Протоереј Љупче Петрески.