Членови на ПСД “Момата” и оваа година го обновија спомен обележјето на Устрелец, посветено на загинатите прилепски бранители на Карпалак (ФОТО)

Во пресрет на одбележувањето на 22-годишнината од смртта на десетте прилепски бранители кај Карпалак, членови на Планинарското спортско друштво “Момата”, и оваа година извршија обнова на спомен обележјето на местото викано Устрелец на Селечка планина.

Спомен обележјето е поставено во чест на: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско, млади бранители кои животот го загубија на свиреп начин кај месноста Карпалак, на 08.08.2001год.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.