Четири лица пријавени за исчезнати

Седумнаесетгодишна девојка од гостиварско Србиново, четириесет и четиригодишна жена од кумановско Черкезе, шеесет и три годишен жител на кумановско Младо Нагоричане и педесет и две годишен радовишанец, се пријавени за исчезнати во полицијата во изминатите три дена, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

isceznadevojcee

Во Полициската станица Куманово  вчера Р.Ц. (1982) од Младо Нагоричане пријавил дека утрото околу 10 часот на 28-ми минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко М.Ц.(1953), а А.З (1949) од Черкези пријавил дека на околу 15 часот попладне на 24-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга Е.Ф.(1972).

Во Полициската станица Гостивар,  пак, вчера, С.Б.(1963) од село Србиново пријавил дека околу 14 часот попладне на 26-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка.

На 29 минатиот месец, К.П. (1960) од Радовиш  пријавила дека околу шест часот изутрина  од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Г. П. (1964).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се пријавени за исчезнати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.