Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ц.(30) и Б.Б.(28) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.30 часот, на ул.„Димче Антулески“ во Прилеп, пријавените без дозвола се движеле со патничко моторно возило „бмв“ и не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението на Македонија.
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Н.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 околу 00.30 часот пред продажен објект на ул.„Војводинска“ во Прилеп, пријавениот без дозвола се движел и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Д.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 02.30 часот на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, пријавената без дозвола се движела и не се придржувала кон воведената мерка „полициски час“.
Извор: Дневен билтен на МВР