Прилепчанецот Александар Стојкоски 4-та година по ред се искачи на пиедесталот на најдолгата планинска трка во Македониија „Kozjak trail“, долга 67 км. која што пак е дел од планинскиот маратон „Krali Marko Trails“. Оваа делница тој ја истрча за 8 часа и 18 минути. Освен „Kozjak trail“ маратонот имаше и две други помали трки „Treskavec trail“ долга 16 км. и „Kamena Baba Trail“ долга 34 км. Инаку само пред 7 дена Стојкоски го освои второто место на планинската трка „Пирин ултра“ во Бугарија на стазата која што беше долга 40 км – oбјави “Инфо Компас”.
„На само 7 дена по „Пирин ултра“ и 4-та трка во еден месец неможеше подобро во овој момент. Иако кога решив да ја трчам 67-ката пред еден месец таргетот ми беше дека истата ќе ја завршам за околу 7 часа и 30 минути, но во меѓувреме излезе да одам на „Пирин ултра“, па уште тогаш знаев дека тој таргет нема да се достигне бидејќи КМТ е доста захтевна трка. Уште од стартот знаев дека ќе трчам сам и се бешпе добро до прилепското езеро каде почнав да ги чувствувам листовите. Продолжив со исто темпо до Пелтвар, на 25 км, и тука веќе решив да намалм со темпото. До езеро веќе бев 5h и веќе имав еден час предност. Па така последните 20 км. до финиш решив да ги поминам рутииснки без форсирање“, истакна Стојкоски за порталот “Инфо Компас”.
Извор: “Infokompas.com.mk”