Фудбалерите на Победа ја продолжија серијата победи во подготвителните натпревари пред продолжението на првенството на Втората лига-Исток. Во 4-тиот пријателски натпревар кој се играше напладне на теренот ,,Атина Бојаџи“ во Охрид црвено-белите го совладаа 4-топласираниот тим на крајот на есенската полусезона на Втората лига-Запад Лабуништа. Стрелец на единствениот гол на натпреварот-втор во овој подготвителен период, беше засилувањето од Слога Виница Дарко Анастасовски. Како и на тест мечот со Кожув Анастасовски погоди со максимално прецизен удар од околу 20-тина јетри по земја-во малата мрежа.
Како и на претходните контролни средби и денес тренерот Крстески им даде шанса на повеќе фудбалери.
Победа: Котевски (од 80 мин Маркоски), Наумоски, Петкоски, Дамески, Колески, Анѓелески, Дунимаглоски, Јошески, Ефремов, Анастасовски и Гешоски.
Во вториот дел уште играа: С. Спиркоски, Андреески, Симјаноски, Илиески-Кисески, Каралиоски, Ф.Спиркоски, Дебрешлиоски и Митрески.
Наредниот 5-тти контролен натпревар во подготвителниот период Победа ќе го одигра в среда во Скопје против уште еден тим од Втората лига-Запад-домашниот состав на Кадино.