Честит именден: Павле, Павлина, Пала, Павел… За многу години Павловден!

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули.

На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави.

Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.