Почитувани Сограѓани,
Илинден, е симбол на победата на македонскиот непокор.
Денес, Република Македонија одбележува 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.
Илинден е ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја, зашто врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Република Македонија.
Наша обврска е да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
На сите жители на Општина Прилеп, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник.
Нека ни е честит Илинден!
Да ни е вечна Република Македонија!