Честитка на градоначалникот Марјан Ристески по повод меѓународниот ден на жената “Осми март”

^78CD39E954F4768DA2CF69D9CE7BC34F63A9B9DD61D677CCC1^pimgpsh_fullsize_distr

Почитувани Прилепчанки, почитувани Македонки

Жената денес во светот, Македонија и во Прилеп претставува значаен сегмент во општественото, политичкото и економското живеење и претставува значаен столб на семејството.

Можам да кажам дека жената денес претставува успешен менаџер, директор, раководител, успешен доктор, професор, успешен административец.

Жената денес е и успешен политичар, министер, парламентарец, советник, успешен работник, професионалец, но да не заборавиме дека денес жената е и успешна мајка, баба и домаќинка

Слободно можам да кажам дека успешноста на општина Прилеп се должи на успешното работење и менаџирање на големиот број на жени кои се вклучени во работата на локалната самоуправа. Резултатите и успесите се многубројни за Прилеп пред се поради максималното ангажирање на жените во градот

Не само што реализираат голем  и успешен број на проекти, туку жените и нивните организации ја негуваат традицијата, културата, посветеноста… и не потсетуваат дека современото живеење неможе да се замисли без понежната половина.

Нека е честит 8-ми март Денот на жената со искрени желби за што поголема вклученост на жените во нашето секојдневие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.