“ЧЕРНОДРИНСКИ започна, но Министерот од БЕСА, не дојде во двојазичен Прилеп?!” (ФОТО)

Со претставата “Ничија земја” на Македонскиот народен театар, вечерва беше отворено 53-то издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Прилепчани ја исполнија салата до послено седиште, а на сцената имаше што да се види.

Претставата во режија на Александар Морфов својата премиера ја имаше во јуни минатата година, а синоќа и прилепчани имаа можност да го погледнат овој совршен театарски проект.

Публиката беше задоволна и ги награди актерите со громогласен аплауз на крајот од претставата.

Оваа година прилепчани не ги удостои со свое присуство новиот министер за култура Асаф Адеми, кој пред неколку дена ја презеде функцијата од Роберт Алаѓозовски.

Адеми кој доаѓа од редовите на крилото од БЕСА на Африм Гаши, очигледно не најде време да присуствува на отварањето на најреномираниот театарски фестивал во државата.

За разлика од него, Алаѓозовски присуствуваше на ланското издание на фестивалот, кога и падна на првиот “министерски колоквиум”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.