Ги разбирам нејаснотиите на родителите и на учениците, но целата реформа што треба да се спроведе е за доброто на учениците, рече денеска министерката за образование, Мила Царовска во врска со дигитализација во училиштата низ Македонија.
„Дали како држава покажавме дека само за еден месец успеавме да трансформираме наставата да се одвива дигитално. Не се знае со какви предизвици ќе се справуваме за три или пет години. На нашите ученици не им е интересно во училиште. Тамошните активности не го задржуваат нивното внимание. Тие се постојано изложени на анимација, но тоа не значи дека ние немаме учебници“, истакна Царовска.
Според неа, дигитализацијата на учебниците не е тренд, тоа е потреба и се случува во целиот регион.