Министерката за образование и наука, Мила Царовска конечно се огласи во врска со најавените протести низ повеќе градови на Иницијативата „Учебници и настава мора да има“
Таа рече дека тоа се уставно загарантирани права.
Министерката посочи дека во МОН имале средба со претставници на Иницијативата, дека ги слушнале нивните барања кои се однесуваат на тоа да се тргне родовата еднаквост, да има печатени учебници наместо само дигитални, но објасни дека реформите мора да продолжат за да се обезбедат подобри услови за учење, со кои учениците ќе се стекнат со вештини и знаења потребни низ животот.