ЦУК: Пожарникари од Битола го изгаснаа вчерашниот пожар кај Лажани

Изминатото деноноќие имало два пожари на оворено и тие биле изгаснати од пожарникарските тимови во Општина Битола, кај село Лажани каде што горела ниска вегетација и во Општина Василево, кај село Доброшинци каде што горело стрниште, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според последниот извештај за работата на Единствениот број за итни случи 112 во ЦУК имало вкупно 1.558. Од делот повици за итни случаи кон Полицијата биле упатени 55 отсто, кон Итната медицинска помош 37 проценти, а кон пожарникарите (ППЗ) 3 отсто.

-Преостанатиот дел повици, што е вообичаено од три до 10 проценти, се однесува на итни случаи коишто има потреба да се решаваат со комбинирани сили на теренот и ги решава ЦУК координирајќи според природата на пријавениот случај, ангажман на институции од Системот за управување со кризи (СУК) во државата, се наведува во соопштението од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека во одредени случаи координираат итни ситуации и со институции од соседни и други земји бидејќи, како што велат, итните случаи, непогодите и катастрофите не познаваат граници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.