Сестрите Слаџана и Анџела Јанковиќ од Бар, Црна Гора, имаат голем број обожаватели во регионот кои ги освоија со своите преубави гласовни способности. На Инстаграм ги следат над 30.000 корисници и секојдневно објавуваат нови видеа од нивните изведби.
Овие две девојки се вистинска атракција на социјалните мрежи, а во прилог најмногу им оди тоа што одлично пејат и секако одличниот избор на песни.
Во најновото видео Анџела и Слаџа ја изведуваат македонската песна “Ако згрешам нека изгорам”.
Уживајте во продолжение: