Коби Брајант го одигра својот последен натпревар во 20 годишната кариера на паркетот. Црната Мамба како што го нарекуваја медиумите, направи огромно шоу во својот последен поздрав со публиката. Во натпреварот против Јута Џез, Коби постигна 60 поени за Лејкерси за победа од 101-96 во натпреварот кој се одигра синоќа.
“Не можам да поверувам како толку брзо изминаја 20 години. Човече, ова е лудо. Го ценам целото ова патување, во кое имаше и падови и издигнување. Мислам дека најважниот дел е што сите останавме заедно цело време”, истакна Коби после натпреварот.
Публиката и сите фанови емотивно го проследија овој негов последен настап, а целосната светска јавност е свесна дека тешко дека некој би го заменил Коби во блиска иднина. Тој е икона на Лос Анџелес Лејкерс и легенда на НБА Лигата.
A.Г.