Утре, 28.08 Македонската православна црква го празнува празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица, заштитничка на бремените жени, децата и семејството.
Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.
Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.
Здружението на граѓани за изградба на манастирот св. Петка во с. Волкосело (Волково) во близина на Прилеп и Црковниот одбор на манастирот во изградба Св. Петка кај прилепско Волково, ги кани сите верници и добронамерници на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, да дојдат и да го одбележат овој голем празник.
Манастирот е се уште во изградба, а членовите на Црковниот одбор прават се’ што е во нивна можност овој прекрасен храм да биде што поскоро завршен.
Светата литургија ќе започне во среда, 28.08.2024 година со почеток во 10:30 часот.
По литургијата ќе се служи ручек од страна на домаќините, а ќе има и пригодна прослава во кругот на манастирот.