Црвен аларм во Трст: Во Јадранот плива опасна ајкула

На дел од плажите во Трст е пуштен црвен аларм поради опасна ајкула. Ајкулата прв ја забележал рибарот Алесандро Крали додека пливал, а нешто подоцна на неа налетала и брачната двојка Еспосито.

 

ajkula-1-640x321

-Беше речиси 13 часот кога забележавме дека површината на водата некако чдно се бранува. Сопругата и јас во тој момент се сончавме и фала богу не бевме во море. Најпрво здогледавме црна силуета многу блиску до површината, а потоа и опашката која изнурка и на крајот долниот дел од телото на ајкулата. Исплива на оддалеченост помала од дваесет метри од плажата, а според нашите проценки беше долга околу метар и пол до два метри – раскажа брачната двојка Езио и Нела Еспосито за весникот „Ил пиколо“.

 

Известени се припадниците на крајбрежната стража и Капетанијата кои веднаш пристигнале на местото на настанот. Бродот на крајбрежната стража извесно време патролирал во близина на местото каде што е видена ајкулата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.