Жителите на село Дреновци во општина Долнени конечно имаат хумани услови за живеење. После долги години ветувања од различни гарнитури, конечно се асфалтираше патот и главната улица низ селото.
Дреновчани со години се соочуваа со горлив проблем, особено при врнежливи денови. Жителите на ова село населено се етнички Македонци и долго време се жалеа дека до нивните домови не може да пристигне ниту брза помош, ниту такси возило, ниту противпожарна служба.
Денеска конечно актуелниот градоначалник на општина Долнени, Урим Ибески, ја пресече црвената лента и им посака на дреновчани со здравје да си го користат новиот асфалтиран пат.
Мештаните задоволни од локалната власт на Ибески му приредија и ручек како знак на благодарност.