По денешната дестабилизација на времето која ни ја донесе циклонот ФЛОРИЈАН и која на повеќе места услови пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град особено на планините се очекува продор на свеж воздух од север И од североисток кој ќе започне да се спушта уште од оваа ноќ и истиот утре (среда) и во четврток на повеќе места ќе услови засилен ветер од северен правец кој локално на моменти особено долж Повардарието ќе достигнува брзина до околу 60 км/час, пишува метеорологот Славчо Попоски.
Од утре до сабота времето ќе биде сончево со повремено мала до умерена и умерена локална облачност а особено на планинските места но и на оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за сосема краткотраен дожд и услови за ретки грмежи.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвеж ден ќе биде четврток кога максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 21 до 28, 29 степени додека наутро особено ќе биде посвежо кога минималните температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се спуштат до околу 20 степени.