Американската Централна разознавачка служба – ЦИА неодамна објави илјадници тајни документи поврзани со Македонија и Југославија.
Во еден од тие документи се крие тајната за наоѓалиштата за берилиум во Струмица и карпестите предели во близина на Прилеп.
Уште во 1950 година ЦИА укажува дека Прилеп го поседува еден од најретките метали на планетата, кој поради своите специфични својства може да се користи во нуклеарната, аерокосмичката индустрија, како и во индустријата за телекомуникации.
Берилиумот може да се користи во изработката на вселенски летала, проектили и сателити, поради тоа што се работи за многу лесен метал.
Оригиналниот докумет на ЦИА погледнете го ТУКА.