Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел.
Аналитичарите велат дека зголемувањето на залихите на сурова нафта во Америка за околу 3,6 милиони барели е можен знак за пад на побарувачката, додека залихите на бензин исто така се зголемуваат за 399.000 барели. Претходно, аналитичарите предвидуваа пад на залихите на сурова нафта.
Во текот на денот ќе биде објавен потрошувачкиот индекс во Америка за април.