Цело одделение од Десетта гимназија во Беград бара работа за да можат сите ученици да одат на екскурзија.
Идејата се родила кога започнале подготовките за матурската екскурзија, а дел од учениците се соочиле со проблем, бидејќи нивните родители немале пари да платат за тоа. Затоа целиот клас одлучил да најде работа, а класната Драгана Можек седнала и напишала оглас.
Учениците од Десеттата гимназија во Белград се подготвени да работат и физичка работа само за да успеат да соберат пари и да им помогнат на своите другарчиња. Меѓу 32 ученици има такви кои ќе ви бидат личен потрчко, има и бубалици кои со задоволство ќе држат часови по математика и физика, а освен класната, во акцијата ќе усчествуваат и мајките и бабите.
За физичка работа се квалификувани 13 ‘рмбачи.
Огласот е објавен на Фејсбук профилот на наставничката Драгана Можек, а за кратко време тој се раширил по социјалната мрежа.
Акцијата не само што ја поддржале сите, туку во неа се вклучиле и родителите. Така, на пример, мајките и бабите заедно со нив ќе месат кифлички, ќе прават колачи и крофни.
Побарувањата за нивните услуги се повеќе од очекувани.
Кога ќе собереме пари за нашето одделение, доколку ни остане нешто ќе им ги понудиме и на децата од другите одделенија или ќе ги дадеме во хуманитарни цели, вели класната.
Таа вели дека донациите не се опција и дека целта е учениците сами да ги заработат парите.
Матурска екскурзија, според нив, е нешто што се памети целиот живот, па не постои причина некое од децата да ја пропушти таа шанса.
Извор: “Република”