Во среда 24 август од 20.30 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, целовечерен концерт ќе одржи етно групата Баклава. Концертот е во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков,, години наназад, а која завршува идната недела.
ЗА ЕТНО ГРУПАТА„ БАКЛАВА“
Групата „ Баклава “ е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искустава на нејзините членови во различни проекти. Со минималистички музички концепт, клучниот предизвик е создавање на авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика.
Како четворка именувањето на „ Баклава “ не беше земено само како синоним на турскиот, исклучителни благ деликатес , туку како синоним на ромб, совршената геометриска форма , или пак бојата на картите. Во исто време, баклавата е вообичаен симбол на македонската изворна традиција , претставувајќи еднаквост, сплотеност на културните разлики во уметноста и четирите страни на светот. „Баклава “ има три различни изданија од традиционална до светска музика , преработки и авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови…Додека нивниот прв албум „ Баклава“ е концертен , „Калемар“е нивниот прв студиски албум, и е создаден од композиции од самите членови.
На третиот албум нарелчен „Me mankas mucho” (Многу ми недостигаш), ќе сведочите на едно преплетување на мелодијата од различни народи , култури и религии. По многу настапи , албуми , неколку музички спотови, свој документарец, тие имаат неклоку песни и во филмот „ Трето полувреме“. Вообичаено на сцена можете да ги видите Елена Христова ( вокал), Дејан Сибиновски ( деф) , Дејан Теодосиевски ( виолончело) и Ѓорѓи Клинчаров (тамбура). Групата „ Баклава“ имаат настапувано во Данска, Фанција , Германија, Чешка , Белгија, Романија, Турција, Србија, Италија…