На денешен ден се појави мегапопуларната игра тетрис, која беше издадена на 6 јуни 1984 година.
Таа била направена во Москва од Алексеј Пажитнов и Димитриј Павловски, компјутерски инженери од Компјутерскиот центар при Руската академија на науки.
Во 1985-1986 година, Алексеј Пажитнов ја програмира првата верзија на тетрис за советските микрокалкулатори “Електроника-60”.
Во 1986 година, Вадим Герасимов, 16 годишен ученик, го имплементира Tetris-от под оперативниот систем MS-DOS, со што го означува почетокот на ерата на компјутерската игра. По ова, играта брзо се шири од дискета на дискета по цела и полека низ целиот тогашен социјалистички блок.
Во 1986 година Тетрис стигнува до Лондон и оттаму до САД, каде што станува доживува вистински бум. Во 1989 излегува и во верзија за GameBoy на Nintendo.
Денес Тетрис постои во десетици илјади платени и бесплатни, прости и посложени варијанти.