Од 13.05 до 25.05.2019, во продажниот салон на “Викели” се одржува Саем на книгата.
Новите изданија, но и постарите, веќе се продаваат исклучително добро. Побрзајте, затоа што некои од количините се ограничени – велат од “Викели”.
Покрај тоа, голем број од делата се продаваат по намалени саемски цени.
За тие што не знаат, продажниот салон на “Викели” се наоѓа на улица “Сотка Ѓорѓиоски” број 17 (Стара катна гаража од предната страна).
Љубителите на пишаниот збор имаат што да изберат. Побрзајте!