Цела недела помина, а од општината и градоначалникот ниту глас колку чинат пејачите на “Пивофест”

Измина една недела од најголемото музичко случување во државата – фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест”.

Според реакциите на јавноста 17-тото издание на фестивалот ќе биде запомнето како најслабо досега, а причините за тоа се многубројни.

Оваа година на фестивалот имаше едвај десетина штандови, изостанаа вкусовите на пиво од надвор, а програмата на централната сцена беше во поголемиот дел промашена.

Иако според градоначалникот и организаторите фестивалот беше оценет како успешна приказна, со 35-40.000 посетители дневно, сликата беше сосема друга, а тоа го докажуваат и фотографиите кои постојано ги објавувавме.

Дебакл: “Атмосферата на “Пивофест” во 21 часот”

“Во 22 часот, згасна ли духот на “Пивофест”?” (ФОТО)

“Атмосферата на “Пивофест” во 22:30 часот: Дали ова значи очајна посетеност?” (ФОТО)

Прилепчанец кој нема пропуштено ден од постоењето на “Пивофест” jа коментира изјавата на Влатко Стефановски

Фестивалот го прокоментира и Бобан Милошески од “Авалон Продукција”.

Бобан АВАЛОН за “Пивофест”: “НАС НЕ ЈАДЕ НИВНИОТ СРАМ”

На фестивалот за прв пат изостана и телевизискиот директен пренос, а зошто тоа се случи кажаа од “Канал 5” телевизија:

“Канал 5” Телевизија даде одговор зошто оваа година за прв пат нема директен телевизиски преност од “Пивофест”

Oд општината молчат и за тоа колку изнесуваа хонорарите на изведувачите на централната сцена, иако кога беа во опозиција постојано бараа одговори за тоа прашање.

Според Добривоје Марински, менаџер со македонско потекло во Србија, на неговите средби со градоначалникот Илија Јованоски договарале хонорар за Цеца во висина од 40.000 евра, но со оглед дека организацијата на фестивалот ја доби друга агенција, и нејзиниот хонорар не е познат за јавноста.

“Македонец од Србија најавува ли голема афера за организацијата на “Пивофест”?!

Добривоје Марински: “Ова е вистината за “Пивофест”, еве зошто oвогодишниот фестивал е вистински дебакл”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.