Цела држава ни се наполни со преваранти: Вработен во општина наплаќал паркинг за време на панаѓур, заработил 98.000 денари

Вработен во Општина Неготино е под сомнеж дека за време на панаѓурот наплаќал во кеш за користење јавен простор, заработи кривична, информираа денеска од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднела кривична пријава против М.Д. (41) од Неготино, поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик.

– Пријавениот во периодот од 14.09.2023 до 21.09.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино, ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење на јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“, им наплаќал пари во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари, нанесувајќи штета на буџетот на Општина Неготино, појаснија од СВР Велес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.