Царовска не го гледа отпорот: E, затоа сите утре во 18ч. пред камена бина, професори, родители, деца

Ништо не ја предомислува министерката Мила Царовска да ја спроведе дигитализацијата по нејзин терк. Ниту гласните родители, ученици но и се поголем број наставници. Продолжува со реториката дека реформите имаат поддршка, и тоа според неа голема – oбјави “АЛФА ТВ”

-Но сакам да апелирам партиските тесни, лични интереси да се тргнат настрана од образованието. Во моментов може да се види дека имаме опозиција којашто не само што не знаела што да прави со образованието во времето кога владеела, а тоа е 12 години, туку и денеска апсурдно повикува на бојкот на нешто коешто значи современо образование изјави Царовска. Сето тоа светот го докажал како добра пракса. Ние ќе го тестираме во четврто одделение и ќе покажеме дека тоа е начинот на којшто понатаму треба да го водиме образованието, додаде Царовска.

Откако МОН објави еденмесечен оглас за наставниците да изработат нови учебници за четврто одделение, фелата реагираше дека рокот е прекраток. Министерката не е на истиот став.

Царовска повеќе не им е јасна на родителите и наставниците кои се против форсираната дигитализација за екстремно кус рок.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ до четврток собираат потписи преку Државната изборна комисија, за да може нивните барања да се стават на референдум. Утре излегуваат и на нов протест во сите градови во Македонија. Во Скопје протестен марш од пред Министерството за образование и наука преку Владата до Собранието.

Родителите претходната недела поднесоа барање до законодавниот дом, но иницијативата не беше прифатена потписите не биле собрани согласно со Законот за референдум.

Викторија Миткова

За утре се закажани нови протести низ сите градови во земјава. Драгана Спасевска предводинк на иницијативата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА ги повика сите родители кои не се согласуваат со реформите на министерката Царовска да се придружат во што поглем број на протестите.

Протестите започнуваат во 18:00 часот, а ова се барањата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.