Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на Одделението за максилофацијална хирургија – уво, нос и грло, во прилепската болница “Борка Талески”.
Нека овој гест на Мартина и Благојче Кочоски, биде поттик за останатите стопанственици во нашиот град, редовно да помагаат онаму каде што е најпотребно, а во интерес на сите граѓани.
Општествената одговорност и хуманите вредности, се нешто што остава траен белег во нашето општество, значи љубов, значи благодарност кон оние од кои зависи работењето и успешноста на фирмите, фабриките, рестораните…. а тоа се граѓаните.
Секоја чест!