Хуманитарна после-работна забава за помош на Сара Шошеска

humanitarna (1)

14 годишната Сара Шошеска веќе четири години се лекува од meduloblastom или тумор на мозок. Трите оперативни зафати до сега во Скопје не го отстранија целосно туморот, па постои ризик за големи оштетувања во иднина. Спасот за нејзиниот млад живот е во Аџибадем Истамбул или Белград, каде треба да биде подложена на операција со гама нож. Операциониот зафат чини 8. 000 евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди.

Утре среда, 23.03.2016 год. со почеток од 16:00 часот,  ќе биде организиран настан за после-работно дружење, каде ќе можете со вашето присуство да помогнете во спасувањето на овој млад живот.

Кафе Вирус ќе излезе во пресрет и дел од направениот промет ќе го донира за малата Сара, а воедно ќе има место каде и самите можете да донирате средства




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.