Како и секоја година, така и оваа, хуманитарците при нашата црковна општина, посетија 80 семејства низ градот и поделија исто толку пакети со храна, средства за хигиена и парична помош за болни.
Целата акција вредеше околу 160.000 денари. Благодарност до сите верници,кои со своите скромни прилози придонесоа оваа акција да се реализира, а социјално ранливите категории достојно да го пречекаат големиот христијански ден – Велигден.
Исто така, благодарност и до повеќето прилепски фирми, кои донираа дел од своите производи, за нашата помош да биде достоинствена.
ЧЕСТИТИ ПРАЗНИЦИ!
[Best_Wordpress_Gallery id=”223″ gal_title=”ХуманитарнаВелигден”]