Христијан Мицкоски: Мала ќе им биде Македонија да се сокријат (ВИДЕО)

Ќе бидам подолг од вообичаеното, зошто алармантноста на состојбата тоа го налага. Изминатиов период криминалниот октопод кој управува со власта ја фрла Македонија на колена. Македонските граѓани, сите ние ја имаме судбината да ја живееме онаа фраза која важеше за некои држави на Балканот од минатото, „секоја држава има своја мафија, само нашата очигледно си има своја држава“, изјави на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„И тука случајот „Рекет“ не е причината за тоа, тоа е само последицата. Причините се многу подлабоки и тие одат до врвот на власта. Разголената власт покажува дека не е само во прашање неспособноста на премиерот или неспособноста на владата, туку дека немаме систем. Тој е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што системот не функционира, имаме згазени закони и имаме згазено обвинителство кое што исто така не функционира. Имаме конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал. Со голема внимателност и загриженост го следев развојот на настаните и веќе е сосема сигурно дека од оваа власт, институциите, премиерот Зоран Заев не може да се очекува разврска на овој криминал затоа што истите тие се силно инкриминарани од истиот, тие се инфицирани од криминалот кој ни се покажа како на тацна.“

Според Мицкоски можат да се донесат неколку заклучоци и тоа:

1. Силата на осомничените за делото за кое се товарат во случајот „Рекет“, доаѓа од власта на Зоран Заев и неговите луѓе. Тука е Катица Јанева која и денес го води компромитираното СЈО, а треба дополнително да се испита и улогата на сите останати обвинители – помошници во целиот случај на изнуда како и можноста за постоење на други вакви слични случаи. Во овој октопод се и Фрики, Кики, Шеки, Зоки, Поки и останатите кои што упорно остануваат недопрени.

2. Иако Катица Јанева тврдеше цитирам „ниту свесно, ниту несвесно имам било каква конотација со случајот Рекет“, се покажа дека не ја говорела вистината. Односно нејзините зборови кои можеа да се чујат од снимката цитирам „Немој да се грижиш, се ќе биде ОК“, упатени на жртвата на која вршеле рекет покажува силно замешателство на СЈО и нејзиниот прв човек во овој криминал.

3. Факт број три, ќе потсетам на мислењето на Заев за Катица. Тој тврдеше дека верува, дека верува во нејзините способности, во нејзината личност и дека е човек со капацитет. Потоа Јанева сака со закон да ја унапреди во Републички обвинител, а другите обвинители – помошници на Јанева исто така со истиот закон ги предлага и сеуште опстојува на тој предлог да се дел од новото обвинителството со кое истиот овој човек Зоран Заев предложи да управува Русковска. Воедно предлага и префрлање во тој сектор на целокупната администрација, соработници и истражители итн. кои сега работат во СЈО, а кој знаеме дека се изврзани роднински и преставуваат школски пример за непотизам, директно или индиректно со Катица Јанева и останатите обвинители – помошници на Катица Јанева. Ќе повторам со закон истите сака да ги префрли во новото обвинителство без да има јасна недвосмислена, јавна постапка и секој оној кој што се чувствува подготвен да може да конкурира за истите тие позиции.

Според него сомнежот е дека криминалот во „Рекет“ од вакви размери не е можен без поддршка на Зоран Заев.

Сомнежите се дека Заев го штити овој криминал, а тоа Мицкоски го темели на следново:

1. Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Но во овој момент тоа отсуствува. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

2. Второ Зоран Заев е свесен дека меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.

3. Трето, од почетокот тврдев и се уште тврдам, Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Некои велат Катица е следната, јас тоа го пишував во едно мое фејсбук обраќање до сега но тоа во овој момент за граѓаните во Република Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода.
Некои велат дека немало тука да застане, дека не била Катица крајот на оваа борба против организираниот криминал туку ќе продолжела па ќе ги опфатела Кики и Фрики, прашањето било па можеби и Шеки била загрозена и така натаму. Но, никако да дојдеме до главниот а тоа е токму оној главниот кој што го осмислил и оној за кои што постои сновано сомнение дека го аминувал целиот овој криминал.

4. Четврто, сега е јасно зошто е предлогот на Заев за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби. Е таков компромис со правдата што ќе произведе неправда нема да помине.

Според Мицкоски, Зоран Заев е должен да одговори на неколку прашања:

– Какви докази крие семејството на еден од осомничените, а кој говорат во некои од медиумите од соседството за криминал на власта и Зоран Заев?

– Кој се е вклучен во таа белградска врска на мешетари собрани и платени со македонски државни пари?

– Каде завршува куфер политиката и кои се луѓето што на крајот од денот се офајдиле со сумите кои што се резултат на куфер политиката

– На што се должи заладувањето на реториката кон Катица Јанева и Бојан Јовановски со кого чести средби имал и Зоран Заев?

– На што тоа се мисли кога еден од осомничените ќе каже дека Зоран Заев е информиран за се?

-На ова не верувам дека Зоран Заев директно ќе одговори исто како што не одговори и на моите директни прашања кои ги поставив на една прес конференција на почетокот на овој скандал, затоа што рибата мириса од главата. Дозволете и збор два за одбраната на премиерот и некои медиумски трубадури на власта кои всушност директно ја загрозуваат слободата на медиумите. Бранењето на премиерот и неговите експоненти во однос на оваа афера не само што изобилува со невистини, шпекулации и конструкции, туку е и напад и навреда врз интелигенцијата на народот, вели Мицкоски и додава:

„Ќе слушнам, ќе речат случајот „Рекет“ бил наместен случај од опозицијата за рушење на правната држава, што е чисто фијаско од одбрана, приказна за мали деца во која ни тие не веруваат, а голем дел велат комичен настап, во случај кога сите го напуштаат бродот на власта која тоне. И треба да знаат дека немаме правна држава, зошто тие ја убија и ја погребаа. А да имавме немаше Катица Јанева да биде на слобода, ќе имавме уште најмалку еден криминалец помалку на слобода, а главата на октоподот наместо со лисици на рацете да се заканува врз новинари и забошотува скандали. Навреда на интелигенцијата на народот е кога скапо платените со државни пари ПР советници го советувале оној кој е глава на октоподот, да излезе и да даде скандалозна изјава, со насока „шефе колку повеќе дехидрирате од критика на вашите до скорешни пријатели, a богами и пулени, толку повеќе ќе си ја отргнете вината за вашето замешателство во работите“.“

-Но, заборавиле дека народот не е со кратко помнење и народот ги знае сите лица и маски на Заев. Ја знае онаа кога со скрстени раце на срцето и со блага насмевка се колне во жицата, во најмилото дека немало да го промени името. Народот ја знае и онаа маска кога Заев е преполн со верба во Европските вредности бидејки тој ќе ја донел Македонија во Европа, но народот го знае и она вистинско лице на Зоран Заев како бара мито, како пазарџиски полетно договара поткуп за Вартоломеј, и она негово сурово но искрено лице, на разгневен деспот кому сите гемии му се потонати бидејќи вистините излегуваат на виделина. Сето ова е доказ на немоќ, кој се прикрива со деспотски атак кон слободата и замолкнување на вистината.
И тука без оглед на тоа што некои сакаат да не направат исти со Заев, само колку да му помогнат и релативизираат неговите скандали, ние не сме ни одблиску исти. И фала на Бога што е тоа така. Различни сме се и тоа многу, вели тој и заклучува:

„И морам да кажам една искрена, но и поразителна работа, целата ова ситуација мене не ме изнедадува, човекот си е навикнат да се заканува зошто со прогон владее 3 година, со тортура и поигрување со животи и судбини. И за голема жал рекетот не е единствениот случај за сомнеж за криминал. Нема ден, а да не добијам порака, да не чујам лично сведоштво од некој бизнисмен,од некоја друга жртва за уцена, притисок или рекет од страна на луѓе од власта. Но за ова во друга прилика.“

-И додека сето ова се случува, државата влегува во економска и политичка криза. Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихаќка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сеуште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо. Наместо во битка со корупцијата Владата влезе во битка за бришење на шеснаесеткракото сонце, дека Гоце бил друго, а не македонец. За 3 години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во којшто живее обичниот Македонец. И еве зошто не сме во Европа и зошто нема датум за преговори за Република Македонија, изјави Мицкоски.

Како што вели Мицкоски падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи туку кога.

„Едноставно дојдовме до степен кога не постои ниту тронка надеж дека било што ќе се подобри. Затоа се знае, народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. И за таквиот пад нема да помогнат ниту аберите од некои кругови на власта за да се прогледало низ прсти за некои случаи, или пак оние сведоштва првиот крадеше повеќе, ниту пак оние обиди за инсталирање на некаква послушна опозиција. ВМРО заедно со народот и секој слободномислечки македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда.“

-И не сакам да звучам отсутно, и ќе кажам ги слушам сите ние кои говорат ајде пожестоко, на улица, бунт против оваа власт. Голем дел од овие луѓе ја сакаат Македонија. Ги разбирам, и знам дека не им е сеедно и дека срцето им се кине исто како моето, кога во сопствената земја својата држава ја гледаат окупирана од неодговорна и неспособна власт и како им се одзема иднината која е нивно основно човеково право. Но, јас ќе им порачам ветив битка до последниот здив, и стојам на тоа. Но, истовремено ветив победа. ВМРО започна со рушење на оваа неодговорна Власта кое секогаш и не е изразено на начин на којшто дел од нашите сограѓани очекуваат. Но, не со исклучени, ниту масовни протести од тие кој што ВМРО ги организираше но и од друг тип демократски алатки кои што ќе служат како отпор против оваа неодговорна криминална, октопод, куфер влада во Република Македонија, потенцира Мицкоски.

„Воедно историјата не учи никогаш да не се избрзува со неодговорни отпори и спротивставувања на силите кои и пркоселе и ја одземале нашата слобода. Воедно следува период кога ќе се одлучува и за Европската Иднина на Република Македонија, и ВМРО-ДПМНЕ знае дека тоа е невозможна мисија со оваа криминална октопод влада но не сака да биде никакво алиби при евентуалниот неуспех. Треба да знаеме дека имаме нечесна власт која пак треба да знае, Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера, немам намера повторувам за никаков компромис со никој кој се огрешил спрема законот без оглед на кого и со кого се работи. А тие кои злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде Македонија да се сокријат. Заев е на колена, и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот во која што силно верувам. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.