Хрватска нуди 26.500 евра за секој иселеник – се пријавило само едно лице: А кај нас се враќaат за 18.000 денaри

Откако хрватската Влада понуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице, пренесува Сител.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање.

– Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба да се прашаат младите зошто заминаа? Пред се во прашање е егзистенција, работа и уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања, изјави Стрмота.

На прашањето дали планира да ја напушти Хрватска, Мајсториќ одговори дека нема намера, но размислува да мигрира во земјата.

– Веројатно трајно ќе се иселам од Славонија бидејќи таа не може да понуди работа и најчесто луѓето се селат во Загреб и неговата околина, како и на крајбрежјето, изјави Мајсториќ за РТЛ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.