“Замислете да ни го земат целиот наш брег (од кој заработуваме околу 11 милијарди евра годишно од туризам) и плодните обработливи полиња како што е Славонија. Еее па тоа им се случи на Македонците. Пред 100 и неколку години, Грција ги окупираше, им ја зеде Егејска Македонија, нивното море, најплодните полиња кои ја хранат цела Грција. Од 1943-1949 година работата ја завршија до крај, извршија етничко чистење на Македонците, на оние кои останаа им забранија да се нарекуваат Македонци, а на оној кој ќе зборувал на македонски јазик, му ставале вжарен јаглен на јазикот. Најголемата грчка ноќна мора е тие прашања да се стават на маса. Затоа помеѓу останатото е притисокот Македонија да го промени своето име, па тоа ќе значи дека делата не се извршени врз Македонците, туку врз своите граѓани, во некоја своја внатрешна граѓанска војна. Доаѓа време да се разоткрие грчкиот фашизам” – пишува Хрватката Хилда Рај на својот Фејсбук профил, коментирајќи ја објавата на Сафет Куртовиќ, Босанец кој на социјалните мрежи е познат како поборник за македонската вистина.
Куртовиќ пак на македонската јавност и стана познат преку своите видеа во кои зборува за историските неправди кон Македонија и Македонците низ историјата.
Во својата последна објава тој пишува:
“Вистината која децата не ја учат во училиштата ширум светот е дека Грција во 1912-1913 година го окупирала егејскиот дел на Македонија, кој пред тоа бил дел од Македонија повеќе од 2000 години.
Од тогаш не престануваат прогоните кон Македонците, геноцидот, тортурата, културоцидот и фашизмот над автохтоните Македонци. Значи, ЕГЕЈ е окупиран дел од Македонија од страна на Грција. Таму владее АПЕРТХЕЈД од 1912 година”.